Blower door тест

Што е Blower Door тест?

„Blower door test“, познат и како „Blower door“ е тест кој ја мери воздухонепропустливоста (запечатеноста) на еден објект. За да се направи овој тест, просторот се става во состојба на вакуум со помош на софистициран вентилатор на влезната врата или на некој од прозорците.

Протокот на воздух низ вентилаторот го определува количеството на воздух кој продира низ обвивката на објектот (при затворени прозорци и врати). Ова мерење се врши согласно стандардот ЕN13829.


Ваквото тестирање симулира состојба еквивалентна на ветер со брзина од 45 км/час, кој во исто време дува од сите страни на објектот (вклучувајки и оние страни кои се под земја, или залепени со други објекти). Резултатите од тестот се презентираат со таканаречена n50 вредност, која претставува број на измени на кубатурата на воздух во објектот, при разлика на притисоците надвор и внатре од 50Pa (Паскали).

Повеќе: https://issuu.com/civkonagi/docs/blowerdoor_bycivkon

Кога се прави Blower Door Test?

Идеално е тестот да се спроведе два пати;

  • ТЕСТ 1: Откривање на проблемите. (За објектите во изградба, тестот се спроведува пред завршување на работите, за да се овозможи едноставно и ефтино санирање)
  • ТЕСТ 2: Мерење на проток и сертифицирање на ƞ50 вредноста, по завршување со сите градежни работиBD dim

Мерењето на протокот од инфилтрација/ексфилтрација во објектот е дел од процедурите за оценка на квалитетот на живеење и енергетската ефикасност и овозможува дополнителни 10 до 15 поени во ESPEC стандардот.

Најнеповолна опција за инвеститорот или за корисникот на објектот е да пристапи кон мерки за подобрување на воздухонепропустливоста без да се направи ваков тест, бидејки е можно да се навлезе во големи и беспотребни трошоци, како и да се дојде до преголема воздухонепропустливост (која со себе носи исто така BD dimголеми пробелми)

Со тестирањата, покрај добиените резултати од мерењата, протокот на воздух низ слабите места се визуелизира со помош на вештачки дим и инфрацрвена термографија

Како да се дојде до добар резултат при Blower Door Test?

Прво, многу е важно да се определи нивото на запечатеност (воздухонепропустливост) кое треба да се постигне.

За стандарден објеBD vozduho nepropusnostкт воздухопропустливоста ƞ50 треба да се движи помеѓу 3 и 4 измени на час, а во некои ситуации дозволено е и до 6 измени на час.

За објекти со посебни режими, кои имаат системи за вентилација со довод на свеж воздух се бараат и повисоки нивои на воздухонепропустливост и ƞ50 треба да е помало од 2 измени на час. Кај пасивните објекти сертифицирањето наметнува ƞ50 помало од 0,6h-1

Од аспект на дизајнот, објектот мора да биде проектиран така што ќе ги сведе на минимум отворите во обвивката помеѓу греениот дел и негреените површини (гаража, подрум и сл.)

Потоа треба да се дефинираат критичните точки во обвивката и да се употребат соодветни материјали за постигнување на потребната воздухонепропустливост.

За тоа, можеме да Ви ги понудиме нашите останати услуги, како дел од нашата определба да градиме навистина енергетски ефикасни објекти и објекти со стандардот пасивна куќа (највисок енергетски стандарт и највисок стандард за удобно живеење во светот).

Поврзувањето на овој тип на мерење, со нашите знаења од полето на градбата и енергетската ефикасност, надополнето со најновите технологии и материјали со кои располагаме, ќе Ви овозможи комплетен производ и решение на сите Ваши проблеми, по сосема прифатливи цени.

< ГОРЕ