Enclosure Integrity тест

Што претставува Enclosure Integrity Test?

Постојат објекти или простории од објекти каде заради специфичноста на опремата или технолошките процеси, не е возможно да се примени автоматска противпожарна заштита со вода или разни тачности (сервер соби, производствени погони, болнички простории и сл.). Во вакви ситуации се употребуваат противпожарни системи кои употребуваат разни гасови, а овие системи се ефикасни само доколку просторот во кој се инсталирани е добро херметизиран (воздухонепропусен). Во случај кога херметизираноста (воздухонепропустливоста) не е задоволителна согласно стандардите и дозволува излегување на противпожарниот гас од просторот, се компромитира ефикасноста на противпожарната заштита.

ЧесEnclosure Integrity 1то се случува во текот на градењето, градежните споеви, продорите за кабли и други инсталации низ ѕидовите и подовите, да не се изработени согласно прописите и да не ја задоволуваат потребната воздухонепропустливост. Дури и кога сите овие елементи се правилно изработени, со текот на времето се развижуваат (прошируваат) и со тоа повторно создаваат слаби места каде ќе има протекување на воздух. И во двата случаи, најчесто аномалиите не можат да се забележат со голо око или со стандардна градежна контрола. Исто така и активностите за тековно одржување на објектите, ненамерно но многу често создаваат оштетувања и места каде што гасовите за сузбивање на пожарот можат да истекуваат. Сето ова ја нарушува херметизираноста (затнатоста) на просторијата и ја загрозува ефективноста на гасниот противпожарен систем, онаму каде таков систем е во употреба.

Enclosure Integrity Test –от (некаде може да се сретне и како Room Integrity Test) е процедура со која се проверува состојбата на херметизираност на просториите или објектите, се лоцираат местата низ кои протекува воздухот (доколку ги има) и се мери ефикасноста на гасниот систем за противпожарна заштита.Enclosure Integrity 2

Тестирањето се прави контролно - периодично (најмалку еднаш годишно), но и во текот на изградбата (заради избегнување на скапи поправки после пуштањето на објектот во употреба), како и после секаков тип на градежни и инсталациони интервенции во текот на користењето на објектот. Овозможува контрола, превенција, дијагностицирање, одржување и поправање на херметизираноста на просториите, како и проверка на ефикасноста на гасните противпожарни системи. Ова е од клучно значење, за да се осигура ефикасноста на противпожарниот систем кога ќе се активира.

Повеќе: https://issuu.com/civkonagi/docs/buildingdoctors_by_civkonagi_enclos

Како функционира Enclosure Integrity Test?
Тестирањето на интегритетот на просторот (херметизираноста), наречено Enclosure integrity Test,  се изведува со помош на еден или повеќе моќни, но софистицирани вентилатори, т.н. Blower Door. Специјално дизајнираната опрема се поставува на влезната врата додека трае испитувањето, и преку вентилаторот создадава повисок или понизок притисок во просторијата, во повеќе простории или пак во цел објект. Системот се поврзува со мерач, кој што го мери притисокот низ вентилаторот, го пресметува протокот на воздух и дава други вредности кои што се од интерес при мерењето. Всушност, мерната опрема ја пресметува вкупната површина на отвори (нарушувања), а преку тој податок добиен со Blower Door тестот се пресметува времето на задржување на гасот од противпожарниот системи во заштитениот простор. Со тоа се дава оценка и за ефикасноста и функционалноста на противпожарниот гасен систем.

Сите добиени податоци од мерењето, во текот на самото мерење се се собираат и анализираат преку компјутерски софтвер FanTestic Integrity кој што пресметува колку долго ќе се задржи пропишаната концентрација на гас и ова се нарекува време на држење, а се е во согласност со методологии од ISO 14520 или NFPA 2001 стандардите. Софтверот исто така го пресметува притисокот во просторијата во услови на пожар кога ќе се испушти противпожарниот гас и го димензионира потребното дополнително вентилирање за да го намали надпритисокот до прифатливо ниво.

Enclosure Integrity 3Тестот за интегритет на простор може да се направи во време и период кога нема да ги наруши Вашето нормално функционирање. Овој тест е едноставна компонента, но е од суштинско значење за Вашиот противпожарен систем и за заштита на опремата.


Што ние можеме да направиме во врска со Enclosure Integrity Test?
Располагаме со потребната опрема од реномираниот производител Retrotec, искуство и сертифициран кадар за вршење на целата процедура. Можеме да спроведеме Enclosure Integrity Test на простории од сите големини, па дури и цели објекти. Од сервер соби, преку единиците за интензивна нега во болниците, па се до големи простории и објекти во кои е сместена софистицирана опрема.

Пред да се спроведе тестот вршиме волуметриски пресметки, за да го употребиме соодветниот и за таа намена калибриран вентилаторски систем. Употребуваме мерни уреди Retrtotec DM-2 или Retrotec DM-32, па преку преносните компјутери кои ги носиме на тестирањето, со софтверскиот пакет FanTestic Integrity ги утврдуваме резултатите веднаш по тестирањето.


Во случај на негативен резултат на тестот, ќе ги лоцираме и обележиме сите места од кои истекува воздух. Од направеното мерење и добиените резултати правиме целосен извештај кој ги содржи сите потребни информации и сертификати, во рок од неколку дена по завршување со тестот. На ваков начин клиентот ќе биде сигурен дека ги има сите потребни податоци и упатства за да пристапи кон санирање на недостатоците.

Санирање на недостатоците
Поголемиот дел од причините за лошите резултати при Enclosure Integrity Test се предизвикани од генералниот недостатокот на интегритет на просторот или од неможноста тој простор да го задржи гасот за гаснење пожар во потребното време и концентрација (заради високиот притисок кој се создава при испуштањето на гасот).
Често пати се случува проектирана концентрација на гасот да се постигне во почетокот, но просторијата не е во можност да ја задржи во бараниот (препорачаниот) период и потребната концентрација.
Во таков случај треба да се превземат активности за санирање на недостатоците, за да се намали истекувањето на воздух од просторијата. Препорачливо е поправките и запечатувањето да се направат уште додека опремата е на лице место, за да може тековно да се проверува ефикасноста на санациите и така наједноставно да се стигне до потребниот резултат.
Откако ќе се заврши со поправките, се прави повторно тестирање за да се потврдат резултатите и да се издаде позитивен извештај.

< ГОРЕ