Градежна дијагностика

ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА е неинванзивно испитување кое што со помош на соодветна техничка опрема создава јасна претстава за состојбата на испитуванот објект. Овозможува утврдување на скриени дефекти кои што се невидливи со голо око или се невидливи со стандардно испитување.

Во Македонија, единствено ЦИВКОН АГИ доо, располага со целокупна опрема за вршење на ваков тип на испитувања. Опременоста ни овозможува да вршиме детална високо технолошка анализа на состојбата на живеалиштата, како и исправноста на интегрираните системи во него.

По извршеното испитување од наша страна, воедно ќе Ви биде понудено и решавање на аномалиите и дефектите кои што се утврдени со дијагностиката.

 

ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА е нова услуга во Македонија, која што како пракса при реновирање или купување на имоти допрва ќе се наметнува. На нашиот пазар можат да се најдат понуди кои што по форма „навестуваат“ некаква слична услуга, но таквите понуди не се подржани со соодветната опрема или пак опремата која што би се користела е недоволна. Согласно на тоа, и дијагностиката која што ќе се направи нема да ги даде бараните резултати. Нашите стандарди на работа и техниката која што ја користиме се гаранција за квалитетот на понудената услуга.

Може да се врши и во објектите во кои веќе живеете или работите, доколку имате преголеми трошоци за загревање или ладење, или пак едноставно сакате да знаете во какви услови го поминувате денот. Имаме знаење, опрема и материјали, да предложиме како или ние целосно да ги поправиме откриените недостатоци, со што сериозно ќе се намалат трошоците, а ќе се подобри удобноста во објектите.

Услугата ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА (HOME INSPECTION) се појавила на пазарот на недвижности во средината на седумдесетите години од ХХ век, и од неговата појава до денес побарувачката за оваа услуга расте во континуитет. Во светот тоа е консултантска услуга наменета пред се да им помогне на купувачите на домови, при нивното донесување на една од поголемите финансиски одлуки во животот. Купувачите кои што знаат што сакаат, посакуваат да добијат максимум информации за нивниот потенцијално нов дом пред да ја донесат нивната конечна одлука.

Во Америка и Канада, на околу 77% од домовите кои што се продаваат денес предходно им е извршена дијагностика.

Важно за напомена е дека инспекцијата не е ограничена само на домовите и станбените објекти. Испитувањата кои што можат да се направат во предходно споменатите простори може да се извршат и на сите типови комерцијални објект (хотели, магацински хали, погони за производство, административни и деловни згради....)

< ГОРЕ