Термографија

ШТО Е ИЦ ТЕРМОГРАФИЈА?

Претставува собирање и анализа на направени снимки од инфрацрвено зрачење, добиени со бесконтактни уреди. Исклучително е корисна бидејки е неинванзивна, се работи бесконтактно, дава дводимензионална слика за состојбите и се одвива во реално време.

Секое тело во природата емитува инфрацрвено зрачење, а количината на тоа зрачење директно зависи од температурата на тоа тело. Токму ваквите карактеристики на материјалите, овозможуваат, преку низа процедури и пресметки, количеството на инфрацрвено зрачење да го конвертираме во мерка за топлина. А топлината пак ни овозможува да дознаеме многу информации за состојбата во која се наоѓа едно тело во природата, или она што е за нас најважно, да дознаеме многу за состојбата во која се наоѓаат елементите на еден објект.

Повеќе: https://issuu.com/civkonagi/docs/irthermography_bycivkon

КАДЕ СЀ СЕ УПОТРЕБУВА ИЦ ТЕРМОГРАФИЈА?

Тоа е технологија, која што се користи како услуга најчесто кај индустриските претпријатија, како и во инвеститорските контроли во градежништвото. Во денешно време, инфрацрвените камерите се употребуваат и во дијагностицирање и на станбени објекти (куќи и станови) со превентивна цел или пак пред и по завршување на реновирање/ поправки во објектот. Со помош на оваа опрема можат да се локализираат поправките само на локации каде што се неопходни или пак за да се провери квалитетот и сигурноста на извршените работи.

leak detection 2Инфрацрвената термографија може да открие и документира:

- Загуба на енергија и енергетска ефикасност

- Вода и појава на влага, кои што можат да доведат до мувла

- Топлински загуби и протекување на возух (ладен, топол) во ѕидови, тавани, подови, прозорци и врати

- Недостаток, оштетена или мокра изолација

- Скриени протекувања во покрив, пред тие да причинат сериозни штети

- Оштетувања во електрична инсталација, пред да предизвикаат пожар

- Преоптоварени и недобро пресметани електрични инсталации

- Прекинувачи, кои имаат потреба од итна замена

- Структурни дефекти на објектот

- Прекинати заптивки кај двојните стаклопакети

- Опасно истекување на дим (јаглероден диоксид)

- Оштетена или неправилно функционирање на соларните системи за греење

- Скриени протекувања во базени и Спа

........ и уште многу други примени

Овие испитувања се од безконтактен карактер и имаат силен превентивен ефект. Сликите добиени со инфроцрвената камера дополнително се анализираат со специјален софтвер, кој што генерира извештај со можни толкувања на проблематичните зони. Прецизирањето на проблемите се вршат со дополнителни уреди и опрема. Ваквите испитувања на домовите или јавните згради овозможуваат да се оптимизираат трошоците за евентуални поправки, како и да се спречат понатамошни компликации од постоечки проблеми во инсталациите или изолациите.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ ИЦ ТЕРМОГРАФИЈА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО?

Со помош на ИЦ термографија можат да се измерат температурите на површините на елементите во еден објект, но во некои ситуации може да се согледаат состојбите и во длабочина до 10ина сантиметри. Вака добиените информации можат да ни откријат лошо изолирани места на фасадите, околу прозорците и во кровот. Можат да ни покажат каде имаме проток на вода (видлив или невидлив за око), да ни покажат на кои места се појавува ризик за појава на мувла или конденз итн.

Спротивно на лоцираните ниски температури, на некои места од објектите пак високите температури и тоа како укажуваат за сериозни и опасни аномалии и дефекти. Ова важи за електричните инсталации, разни пумпи и опрема.

Од голема важност е можноста да се прави термографија и на флуидите (течностите) и гасовите, што овозможува лоцирање на дефекти во инсталациите, ниво на исполнетост во резервоарите и бојлерите, како и разни истекувања, протекувања и затнувања.

Сето ова потврдува дека спектарот на дијагностицирање со оваа метода е исклучително голем, но е уште поголем кога ИЦ термогравија се комбинира со некои други дијагностички методи како што е на пример Blower Door Test-от (познат уште и како Room Integrity Test или Leakage Test). Дури, снимањето со термокамера на фасадните, кровните и темелните елементи е беспредметно без претходно да се стави објектот под вакуум или притисок со помош на Blower Door опрема. Многу е важно да се знае дека ИЦ термографија под притисок е единствена релевантна и точна метода за контрола и анализа на овие делови од објектот.

ШТО НИЕ МОЖЕМЕ СО ИЦ ТЕРМОГРАФИЈА?

  • Откривање затнати КАНАЛИЗАЦИОНИ ЦЕВКИ
  • Откривање на ОШТЕТУВАЊА ВО ХИДРОИЗОЛАЦИЈА
  • ДУПНАТИ ЦЕВКИ и од водоводна, канализациона, грејна и соларна инсталација, во внатрешноста на ѕидовите
  • Откривање на причини за појава на МУВЛА, ВЛАГА и КОНДЕНЗ
  • ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ, без оглед дали е централно (од БЕГ или слично) или е со индивидуална инсталација, како и во случај на инсталирано подно греење, многу често работи со намален капацитет поради запушувања или поради прекинати грејни кола. Во време на сезоната на греење ЦИВКОН АГИ може да ја провери сигурноста на монтираните радијатори и состојбата на електричните подни греења, доколку има такви. Ако објектот има сопствена котлара, можеме да го провериме системот за скриени дефекти со помош на термографска камера.
  • Во состојба сме да ги провериме и ВАШИТЕ ОЏАЦИ доколку користите камин или други соодветни уреди за греење. Присаството на пукнатини во оџаците, дури и да се незначителни, можат да предизвикаат пожар или испуштање на штетни гасови во просторот во кој што престојувате. Во овие случаеви, испитувањата неопходно е да се извршат при работење на каминот или печката со цел да се добие реален резултат
  • ИНФИЛТРАЦИЈА ИЛИ ЕКСФИЛТРАЦИЈА НА ВОЗДУХ – е процес при кој што во одредена просторија продира или истекува воздух, што придонесува за влошување на саканата клима, односно температура во просторијата. Овие процеси имаат влијание врз климатизацијата во објектите или просториите и значително можат да ги нарушат проектираните параметри на инсталациите за климатизација како и да предизвикаат процеси на кондензација. Кај големи ладилни комори (магацини) оваа состојба води до поголема потрошувачка на енергија за постигнување на посакуваната температура и соодветно на тоа води до финансиски загуби. Со помош на термографијата сето ова може да се избегне. Превентивните прегледи со инфрацрвена камера ќе ве заштитат од вакви проблеми и излишни финансиски загуби.

По дефинирањето и лоцирањето на проблемите, располагаме со сите потребни материјали и опрема за санирање на проблемите и отстранување на причините за нивно настанување.

< ГОРЕ