Загуба на топлинска енергија

Kонтинуираната промена на цените на горивата и енергенсите му предизвикува на потенцијалниот купувач на одреден објект да не е во состојба да согледа какви и колкави ќе бидат прSckoeck.pngедвидливите трошоци за греење или ладење на објектот/ домот. Токму поради тоа непроценлива е придобивката од дијагностицирањето на местата каде што се јавува загуба на топлинска енергија и нивна санација. Утврдувањето на аномалиите дава најдобри резултати доколку испитувањето се врши во сезоната на греење или ладење на еден објект. ЦИВКОН АГИ со услугата ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА ќе утврди дали има несоодветна или можеби недостаток на изолација на објектот, како и сите можни зони на кондензација на ѕидовите и таваните. Со Blower door опремата во комбинација со термографско снимање, може да ја провериме состојбата на вашата фасадна столарија (прозорци, балконски врати) и дали истите се правило монтирани. По извршената инспекција од наша страна воедно ќе Ви биде понудено и решение за санирање на откриената аномалија.

< ГОРЕ