Што е ПАСИВНА КУЌА

Пасивната куќа претставува еден стандард на градење кој е истовремено енергетски ефикасен, комфорен, достапен секому и е воедно еколошки.

 

Пет основни принципи на Пасивна куќа
Извор: © Passive House Institute

Називот ПАСИВНА КУЌА не претставува бренд, туку стандард на градба кој може да биде применет на секаков вид на објект.

Основната придобивка од ПАСИВНАТА КУЌА е ниската потрошувачка на енергија. Единствено градбата која што реално ќе ги исполни условите за потрошувачка на енергија за греење и ладење од максимум 15 kWh/ m2 на годишно ниво, може да се стекне со приматот Пасивна куќа.

Сепак, ПАСИВНАТА КУЌА е нешто повеќе отколку само градба со ниска потрошувачка на енергија.

  • Пасивната куќа придонесува до заштеда и на 90% енергија споредено со класичните европски градби, и до над 75% споредено со заштедата на енергија кај поновите градби.
  • Преку комбинацијата од воздухонепропусна изолација и високо квалитетните прозорци со тројно застаклување кои што и во зима и во лето одржуваат удобна и изедначена температура во целиот објект, ПАСИВНИТЕ КУЌИ се енергетско најефикасни градби. Нема провев, нема „ладни нозе“, не постојат фуги во зидовите низ кои што се губи енергијата. На скалата на енергетска ефикасност се категоризираат во највисоката А++ категорија.
  • Во однос на нафтата, кај пасивните куќи, употребата на нафта е помала од 1,5 литри потрошувачка на квадратен метар годишно, што е неспоредливо помалку од типичните градби со ниска потрошувачка.
  • Постојат слични заштеди на енергија и кај местата со топла клима, каде градбите бараат повеќе енергија за ладење наместо за греење.
  • Пасивните куќи се исто така познати по нивото на комфор кој го нудат. Тие ги користат енергетските извори внатре во градбата, како на пример топлината од станарите или соларната топлина што влегува во зградата, со што затоплувањето е навистина полесно.
  • Посебните прозорци во комбинација со добро изолирани надворешни ѕидови и подна плоча ја заржуваат посакуваната топлина во куќата, а непосакуваната останува надвор.
  • Во Пасивната куќа постои контролирана вентилација која игра една од клучните улоги во овие домови. Системот за вентилација овозможува достава на хигиенски безпрекорно чист воздух, без прав, полен и други честички. Циркулацијата на воздухот почнува со постојана достава на свеж воздух во просториите за дневен престој, спалните соби, детските соби, додека преку кујната, купатилата и тоалетите се извлекува користениот воздух, вишокот на влага и миризбите од просториите во кои што тие настануваа
  • Вентилациониот систем доследно ја снабдува градбата со свеж и квалитетен воздух без притоа да предизвикува непријатна промаја. Уредот за високо ефикасно обновување на топлината дозволува повторно да се употреби истата која се содржи во издувниот воздух.

Големите заштеди на енергија се постигнуваат преку дополнување на стандардното градење со користење на специјални градежни компоненти и квалитетен вентилационен систем.

 

 
Потрошувачка на топлина измерена во 4 станбени објекти, еден со ниска потрошувачка (лево) и три пасивни куќи (десно).
 
 

Пасивните куќи заштедуваат енергија и ги намалуваат гасовите од стаклените градини и сето тоа е забележливо во реалниот живот. Дијаграмот на сликата подолу, ги покажува вредностите на потрошувачката измерени во ниско енергетски куќи и во пасивните куќи.

Стандардот за пасивни куќи е градежно оржлив стандард и со Одлуката на Европскиот парламент од 31 јануари 2008 година се повикува на нејзина имплементација на сите држави членки до 2011 година. На 17 ноември 2009 година, Европскиот парламент и Советот ја одредиа 2020 година како краен рок за изградба на сите нови згради кои би биле приближно до градби со нула енергија.

Повеќе артикли...