ВАКА РАБОТИ ПАСИВНАТА КУЌА

Ефикасноста го подобрува комфорот

Овој стандарd е водечки во ниско енергетските конструкции. На пасивната куќа му се потребни едвај 10% од енергијата која се користи од типичните европски градби, што значи би се заштедила енергија од 90%. Сопствениците на пасивни куќи воопшто не се грижат за зголемувањето на цените на струјата.

  • Пасивната куќа бара помалку од 15 kWh/(m²yr) за загревање и ладење.
 
  • Ладењето и загревањето е ограничено на максимум 10 W/m2
  • Oсновната употреба на енергија не треба да премине 120 kWh/(m²a)
  •  Пасивните куќи мора да се непропустливи со промена на воздушните стапки кои се ограничени до n50 = 0.6/h
  • Во места со потопла клима или за време на лето, високите температури не треба да се појавуват повеќе од 10% од времето.

Пасивната куќа е одржлива градба и концепт кој овозможува пристапни, со висок квалитет како и комфорни и здрави услови за живот. A нивниот принцип на работа е лесно разбирлив.

  • Како што новите згради се значително понепропустливи, вентилацијата сама преку спојки и процепи , не е доволна да обезбеди свеж воздух внатре. Со препорачаното отворање на прозорците, исто така нема да се реши проблемот. Свежиот воздух не е прашање на комфор туку нешто што е потебно за здрав живот. Затоа, системот за вентилација е клучниот технолошки момент за сите идни станбени објекти.
  • Иако овие системи бараат дополнителна инвестиција на почеток, сепак на крај придонесуваат за многу поголема заштеда на енергија, секако доколку станува збор за високо квалитетни системи. Квалитетниот ситем на вентилација кај пасивните куќи, ќе ги намали трошоците кај секоја градба.
  • Ова е всушност концептот на пасивните куќи: Бидејки свежиот воздх од надвор секако треба да ја снабди градбата внатре, зошто да не го искориостиме овој воздух за греење? Без дополнително количество на воздух, без рециркулација на воздухот, без никакви непријатни бучави и промаи. На овој начин, вентилациониот систем се исплаќа многу повеќе.
  • Овој концепт функционира кај многу добро изолираните градби, односно кај пасивните куќи. Или професионално кажано: Преносот на загревањето мора да биде полесен од 10W/m², за да се осигурате дека бараната топлина може да се обезбеди од свежиот воздух.

 < НАЗАД