Предности

  • ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Пасивната куќа бара екстремно малку енергија за греење и ладење; системот автоматск

и обезбедува совршен квалитет на воздухот и највисоки можни комфорни услови за живот, со што покрај економската, еколошката овие објекти добиваат и социјална димензија.

Пасивната куќа гарантира: температура на внатрешните површини на фасадните ѕидови која е приближно еднаква со амбиенталната температура, конзистентна и пријатна клима во просториите (одговара на н.в. над 1500м); комфорна, константна температура без провев

 

  • ЧИСТ ВОЗДУХ ВО ПРОСТОРИИТЕ – ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ

Комфорната вентилација континуирано овозможува: хигиенски чист воздух во просториите (контролирана влажност и комплетно прочистен воздух од ЦО2 и сите останати честички и гасови кои се штетни за организмот); снабдување на внатрешноста на објектот со пријатно топол и свеж воздух кој што предходно е исфилтриран од прашина и полен.

 

  • НЕКОМПЛИЦИРАНИ

Пасивната куќа не поставува никакви посебни барања до корисниците туку го дава токму спротивното:

- провев нема од никаде

- еднаквата температура на просторот и на површините се обезбедува самата од себе

- за вентилирањето нема потреба од грижи, удобноста за корисникот е вградена во концептот.

 

  • ПРИЈАТЕЛИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Имплементацијата на стандардот пасивна куќа води до значително учество во намалувањето на климатските промени. Воедно влијае на намалувањето на употребата на ограничените ресурси кои се моментно на располагање: нафта, јаглен, гас .... Емисијата на јаглерод диоксид радикално опаѓа (5 до 10 пати помала).

 

ЕКО-АСПЕКТ НА ПАСИВНАТА КУЌА

Компонентите кои што се применуваат во изведбата на Пасивните куќи се пријатели на животната средина. Произведени од материи кои што се рециклираат, тие нема да им штетат ниту на генерациите на кои им го оставаме светот. 

Овој стандард, кој честопати се опишува како начин на „градење денес со методите на иднината“, ни овозможува да живееме во здрав дом или пак да работиме во такви услови. Со драстично намалената потрошувачка на природните ресурси за создавање на енергија, ќе им оставиме поздрава животна околина и на децата на нашите деца.

Емисијата на стакленички гасови кои се создаваат при производството на енергијата е главна причина за глобалното затоплување. Ефектите од емисијата ќе предизвикаат промени во понудата на вода, користењето на земјата, зголемен ризик од природни катастрофи итн. Неопходна е борба за намалување на емисијата на овие гасови кои ја загрозуваат нашата иднина, но најважно од се – иднината на нашите деца.

Само еколошки ефикасна економија може да ни го обезбеди неопходниот одржлив развој. Еден од начините тој да се постигне е преку намалување но и ограничување на потрошувачката на енергија во домаќинствата, како еден од трите најголеми секторски потрошувачи во Македонија со близу 30% учество во вкупната потрошувачка на енергија. Самото намалување на потрошувачката неминовно ќе значи намалена емисија на стакленички гасови во воздухот.

 < НАЗАД