Термоизолациски елементи - Schoeck

Носив термоизолациски елементи

Schöck Isokorb е носив термоизолациски елемент за термичко одвојување на истурените градежни делови, без оглед дали се работи за конструција бетон-бетон, бетон-дрво или челик-челик.

Isokorb го смалува делувањето на топлинските мостови и со тоа спречува формирање на конденз и мувла.

Еднострано изолирани балкониIsokorb XTE

Доколку балконот се изолира само еднострано (доле или горе), топлината се губи на неизолираната страна и на тој начин овозможува создавање на топлински мост. На тоа место, внатрешната површинска температура на надворешниот ѕид паѓа под дозволениот минимум и топлинската изолација е неделотворна.

Доколку балконот е „запакуван“ во потполност, губитокот на топлина е смален, но балконот сепак се загрева. Со тоа топлинската енергија дополнително се троши, а ефикасноста на изолацијата поради тоа е недоволна.

Термички одвоени балкони

Schöck Isokorb е топлински изолирачки и истовремено носив систем. Топлинската изолација на надворешниот ѕид со тој систем доследно се продолжува. Со тоа делувањето на топлинскиот мост, односно губитокот на енергија се сведува на минимум.

Балконот во тој случај нема дополнително да се загрева и топлината ќе остане во внатрешноста на просторот.

Isokorb XT Thermo Iso FrПредности од проектирање и изведба со Schöck Isokorb

Квалитет – потврден од водечки Европски градежни институти и задоволни клиенти! Schöck Isokorb, заради своите техничко-топлински својства како и статички оптимални конструкции претставува многу ефикасна изолација на истурениот дел од објектите. Проводливиот бетон и многу високо проводливиот бетонски челик (арматура) заменета е со изолатор како што е Neopor и со слабо проводливиот племенит челик како и оптимираните ХТЕ модули од фин бетон со висока цврстина.

Едноставно проектирање – интелигентно решение кое овозможува слобода во проектиањето. Дизајнерки решениа, филигранско проектирање и модерна архитектура со помош на Schöck Isokorb ги задоволуваат сите барања на градежната физика.

Брза изведба - Schöck Isokorb се испорачува на градилиштето како готов елемент, подготвен за вградување. Се поставува во веќе подготвената арматура и поврзување. Текот на градење се забрзува, градењето се поедноставува, а непотрено е изолирање на балконите кое што одзема многу време.

Долгорочна сигурност – Еднаш вградениот Schöck Isokorb, претставува инвестиција која што трае еднакво колку и самиот објект. Елементите лежат во бетонот на балконската плоча како затворен и заштитен систем, сигурен од сите временски влијанија, што го прави долгорочно делотворен. Евентуални идни санации се елиминирани!

Економска исплатливост – Проток/ губиток на енергија се сведува на минимум. Времето за работа се смалува затоа што нема потреба за дополнително изолирање на балконите. Трошоци за санација се елиминирани.

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА

Прекинување на термички мостови

Термичките мостови честопати се причина за градежни штети, како што се влажни ѕидови и појава на мувла.

Овој проблем се појавува кај истурени (конзолни, препуштени) надворешни делови од објектите, на пример кај балконите. Токму Schöck Isokorb претставува делотворна против мерка за тој градежен проблем. Schöck Isokorb термички ги раздвојува градежните сегменти; а истовремено, во однос на статиката, е составен дел на конструкцијата. Поради тоа велиме дека Schöck Isokorb е носив термоизолациски елемент.

Влијание на топлинските мостови

Што е топлински мост

Топлински мостови се оние подрачја на градежни делови во надворешната обвивка на зградата каде доаѓа до зголемен проток на енергија, односно губиток на топлина. Во основа постојат два вида на овој феномен: геометриски топлински мостови, каде што дел од структурата делумно штрчи надвор од рамнината на надворешната обвивка на објектот и топлински мостови условени од материјалот, што се јавува од комбинација на материјали кои се со различна топлинска проводливост. Во пракса овие дејствија честопати се комбинираат. Класичен пример за тоа претставува балконската плоча каде што најчесто се појавуваат наведените проблеми.

Topliski most 2

Термографската фотографија погоре покажува дека ако топлинските мостови на балконите не се правилно пресметани, балконите дејствуваат како „разладни ребра“, ја спроведуваат топлината надвор од објектот и ги разладуваат просториите покрај балконот.

Влијание на топлинските мостови

Поголема потрошувачка на енергија

Заради губиток на топлината кај балканските приклучоци, топлината се губи надвор од просторијата и тоа резултира со зголемување на трошоците за греење и со зголемена потрошувачка на енергија.

Настанување на мувла

Внатрешната температура на воздухот помеѓу соседните простории може да падне и испод точката на роса. Таа појава доведува до кондензација, ја уништува внатрешната површина на ѕидот и е идеален предуслов за создавање на штетна мувла! Доколку постои континуирана изложеност на кондензација, целиот објект (зграда) претставува предмет на настанување на сериозни градежни штети.

Непријатен станбен простор

Ладните површински температури предизвикуваат непријатен и нездрав животен простор за луѓето кои живеат и работат во нив.

Решение:

Schöck Isokorb се носиви топлински изолациски елементи кои што овозможуваат прекин на топлинските мостови помеѓу балконот и внатрешниот простор, го пренесуваат оптеретувањето и одржуваат полн структурален интегритет. Истотака, одржувањето на константна внатрешна температура ги смалува можностите од појава на кондензација и го спречува создавањето на мувла. Вашно е да се напомене дека Isokorb елементите придонесуваат за вкупниот енергетски биланс на објектот.