ГРАДЕЖНИ ДОКТОРИ

Како што луѓето во текот на животот имаат потреба од медицински интервенции, така и кај градбите со текот на експлатација и користење па и градење се јавува потреба од „лекување“. За да може да се третира конкретна зафатена дел од телото, во медицината е неопходно најнапред да се воспостави соодветна дијагноза. Многу слична е ситуацијата и со градбите, објектите, домовите. За да знаеме што треба да превземеме за санација неопходно е да предходи ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ.

Што е ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА?

Тоа претставува документирано стручно мислење дадено врз база на визуелна оценка поткрепена со оперативни тестирања на просторот/ објектот и неговите системи и компоненти, со цел утврдување на нивната моментална состојба. ГРАДЕЖНАТА ДИЈАГНОСТИКА е многу благодарна, исплатлива и полезна услуга бидејќи дијагностицирање од само неколку часа може да им помогне на луѓето да донесат одлука за купување поткрепена со точни и конкретни информации за објектот, како и да ги откријат проблемите на оние станари или сопственици на објекти со кои што тие во периодот на експлоатација на објектите се соочуваат а не се во состојба да најдат соодветно решение за нивно надминување.

 
   

Како се одвива една ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА?

Стандардно дијагностицирање почнува со доставено барање за оваа услуга од страна на клиент. Цената на чинење на инспекцијата се утврдува врз основа на квадратурата и типот на објектот.

ЦИВКОН АГИ препорачува клиентите да пристуствуваат на инспекцијата. Една дијагностика може да трае од два до четири часа, а некогаш и подолго.

Вршителот на дијагностиката ја разгледува надворешноста на објектот (вклучувајќи ја и гаражата доколку ја има). Потоа испитувањето продолжува во внатрешноста на објектот. Во внатрешното испитување вклучени се просторот за живеење, подрум и доколку се пристапни, поткровја или тавани.

На крајот од дијагностиката, вршителот и клиентот ги прегледуваат наодите. ЦИВКОН АГИ во рок од три дена од извршеното испитување изготвува писмен извештај и истиот го предава на клиентот. Со изготвениот извештај, клиентот ќе добие и понуда со конкретни решенија за санација на откриените аномалии.

Како ГРАДЕЖНИ ДОКТОРИ Ви ги нудиме и следните поединечни услуги