Високоградба

Услугите на ЦИВКОН АГИ во полето на високоградбата се, широки. Дел од нив се:

ГРАДЕЊЕ

Ги нудиме услугите за изградба на сите видови објекти од високоградбата, со сопствени ресурси, на највисоко стручно и техничко ниво. Опфатот на услугата е од земјени работи, преку изградба на карабина, инсталатерски работи, па се до сите занаетчиски и завршни работи.

ПАСИВНА КУЌА

Желбата да се следат најновите технолошки достигнувања, не однесе до врвот на тие достигнувања. Цивкон АГИ за прв пат на нашиот пазар нуди изградба на Пасивна Куќа.

НЕДВИЖНИНИ

Со цел да го подигнеме стандардот на живеење и да воведеме повисоко ниво на квалитет, Цивкон АГИ се посвети на инвестиции наменети за комерцијална продажба. Станбениот и деловниот простор кој го нудиме на пазарот е со највисок стандард на квалитет, како од аспект на материјали и вградена опрема, така и од апект на дизајнерски и функционални решенија. Се водиме од девизата „најмногу за Вашите пари“.

ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Во контекст на заокружување на комплетноста на услугите, изведбата на ентериерно уредување е логичен составен дел од нашата понуда. Посветуваме големо внимание и силна енергија при естетското обликување на просторите во кои се движат, живеат и работат нашите клиенти.

Преку специфичен пристап и посебна грижа при изборот на  материјалите и изведбата на деталите, го гарантираме високиот квалитет на изведените работи и се трудиме да ги задоволиме и најпребирливите вкусови и очекувања

ИНСТАЛАЦИИ

Со брзиот напредок на технологијата и воведувањето на инвентивни решенија, инсталациите во објектите овозможуваат извонредни решенија во корист на корисниците. Токму заради тоа ние многу вложуваме во едукација на нашиот тим, како и во примена на најсовремените технички решенија и системи.

Ги нудиме своите услуги во изведба на системи за греење, ладење и вентилирање, како и електро инсталациии и водовод и канализација.

СТРУЧЕН НАДЗОР И ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

Тимот на инженери е подготвен да врши стручен надзор во сите фази, зависно од потребите на инвеститорот. Со усогласеноста со FIDIC и големата посветеност при супервизијата, овозможуваме инвеститорот да го добие очекуваниот резултат.

ИНЖЕНЕРИНГ5

Како природна последица од поврзување на сите услуги и како одговор на потребите на пазарот, го нудиме инженерингот за изведба на сите типови објекти и сите фази. Парцијално или целосно, во зависност од желбите на клиентот, наша определба е да понудиме исклучително квалитетна изведба во рамки на договорените рокови.

МАТЕРИЈАЛИ И ОПРЕМА

Трудот и работењето го создаваат искуството, а тоа пак помага Цивкон АГИ да создаде широка мрежа на добавувачи и информации од Македонија и странство. Тим на професионалци, со усогласени процедури работат на избор и набавка на градежни материјали и опрема, со цел на клиентот да му заштедиме време и пари.

Застапуваме голем број на производители на различни материјали и опрема, но исклучиво после добро направена анализа и утврдување на високиот квалитет на нивните производи.

КОНСАЛТИНГ

Во модерното живеење  времето е скапо. Нема простор за грешки и пропуштени рокови. Затоа ние нудиме услуга со која инвеститорите ни ги препуштаат сите активности околу реализација на нивната инвестиција. Како возврат добиваат врвен производ, во извонредно кратки рокови и по најниски можни цени. Нашите тимови се одлично обучени и екипирани со цел да:
•Анализираат
•Организираат
•Контролираат
•Спроведуваат
•Работат во интерес на клиентот