За нас

 Цивкон АГИ е градежна компанија стручна за изведба на објекти високоградбата.

 Тимот со кој располагаме искусен, обучен и силно мотивиран. И токму тимот претставува темел на нашата организација.

Гледано според нашата желба да се биде најдобар и потребата секогаш од ново да се докажуваме, очекуваме да бидеме лидери во инвентивните технологии во градежништвото.

 Располагаме со Б-ЛИЦЕНЦА ЗА ГРАДЕЊЕ, па согласно тоа со голема успешност изведуваме проекти од различни големини и тежина. Почнувајки од помали индивидуални куќи, преку станбени згради и деловни објекти, па се до големи инженерски предизвици.

 Цивкон АГИ е сериозен партнер за изградба на градежни инвестиции, бидејки своето работење го усогласивме со меѓународните стандарди FIDIC, ISO9001 и ISO14001.

 

ИСТОРИЈА

Цивкон АГИ доо е градежна компанија стручна за изведба на објекти од секаков тип. Kога истата ќе се погледне од страна на тимот кој што работи за оваа организација, во ЦИВКОН АГИ доо е втемелено знаење и работно искуство од преку 20 години. Долгогодишното работно искуство, експертизата и знаењето на тимот на компанијата е она кое што претставува темел на оваа организација. Тој овозможува остварување на компаниската цел: ЦИВКОН АГИ да прерасне во препознатлив бренд во Македонија и регионот.

 

 

 

 

 

 

 

Потврда дека ЦИВКОН АГИ своето работење го темели на процеси и процедури со потврден квалитет е имплементирањето на ISO стандардите уште од самиот почеток на функционирање.

 

СЕРТИФИКАЦИЈА

Досега, со обем на сертификација во проектирање, изведба, надзор и одржување на објекти од нискоградба и високоградба во градежништво и енергетика воспоставени се:

Систем за управување со квалитет ISO 9001

 
     

 Систем за управување со животната средина ISO 14001 

 

ЦЕЛИ

Основните цели на оваа организација се:

  • Да градиме денес со методи од иднината
  • Во Македонија и регионот да го воведеме стандардот на изградба т.н.Пасивна куќа, што за ова поднебје ќе знача и еден нов начин на изведба на градбите. Пасивните куќи се долгорочни пријатели на животната средина, намалувајќи го нејзиното загадување до висок максимум.
  • Обединување на сите сегменти кои се потребни за изведување на Пасивни куќи и енергетско ефикасни објекти. Имплементирајќи го стандардот Пасивна куќа, да дадеме придонес во намалувањето на емисијата на киселите гасови во атмосферата.
  • Овозможување на сите заинтересирани страни да ја согледаат значајноста од ваков начин на градење и тоа на глобално ниво неизоставајќи го елементот на индивидуалната придобивка на секој инвеститор преку инвестиција во Пасивен објект.
  • На пазарот на Македонија и пошироко да му овозможиме во реалното секојдневие да ги запознае и искористи можностите и комфорните услови на живеење кои ги дава и нуди експлотацијата на една Пасивна Куќа.