Цивкон АГИ е градежна компанија. Долгогодишното искуство и присуство на пазарот доведе до создавање на организациона структира која е доволно флексибилна да се прилагоди на сите предизвици и задачи.

Опсегот на услуги ги задоволува и најкреативните барања, а тоа го потврдува и листата на задоволни клиенти.

Обезбедуваме врвен производ и услуги во рамките на градењето, инженерингот, консалтингот, набавките и имплементирањето на најновите светскитехнологии и материјали.

Насоката за специјализирање во сферата на проектирање и изведба на пасивни објекти е она што го издвојува ЦИВКОН АГИ од останатите градежни компании во Македонија. Тимот составен од инженери и стручни лица со долгогодишно работно искуство овозможува идејата на компанијата да се остварува.

Но, определбата на компанијата за воведување новитет во изведбата не значи и исклучување на градбата позната и застапена во регионот. За потребите на клиентите вршиме услуги од класичната градба подржана со исклучителна стручност, извонредна услуга и професионален интегритет